Home » Петровска во Љубљана на средби со Шарец и Пахор

Петровска во Љубљана на средби со Шарец и Пахор

by Журнал.мк

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со делегација од Министерството и Армијата, на покана на словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.

За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со министерот Шарец, по што ќе се одржат и билатерални разговори меѓу двете делегации, соопшти МО.

Петровска денеска во Љубљана ќе се сретне и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, а ќе се обрати и на церемонијата по повод примопредавањето на музејски експонат – против-авионски топ од германско производство од Втората светска војна, кој Македонија и го предаде на Словенија, настан што ќе се реализира во Паркот на воена историја во Пивка.

Во текот на посетата, министерката Петровска ќе присуствува на вежба во Воздухопловна база на словенечките вооружени сили во Церкље об Крки и ќе го посети регионалното Школо за операции воздух – земја.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More