11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Петровска: Безбедносната состојба стабилна, одлуките ги носиме како членка на НАТО

Најчитани вести

Безбедносната состојба е стабилна. Институциите, сите во своите надлежности, преземаат мерки и активности со кои ја гарантираат таа безбедност. Ние не сме сами, земја членка сме на НАТО што е една од придобивките од нашето членување и не се грижиме сами за нашата безбедност, туку сме дел од колективниот систем за безбедност на НАТО, изјави вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Топ тема“ на ТВ Телма.

– Остро ги осудивме сите, и како државен врв го осудивме нападот, воената агресија особено што станува збор за напад врз територијалниот суверенитет и интегретит на Украина – рече Петровска, која изрази жалење за загубата на човечки животи. Повторно повика да надвладее разумот и да се изнајде решение по дипломатски пат.

Таа посочи дека во овој момент не ни се наметнати никакви посебни обврски, но сме дел од носењето одлуки во НАТО и најави дека во таа насока е и утрешното учество на претседателот Стево Пендаровски на Самиот на НАТО, на кој ќе учествуваат сите шефови на држави членки и на кој ќе се донесе одлука за понатамошното дејствување на Алијансата.

Петровска нагласи дека нема потреба да се крева борбената готовност и додаде дека армијата секогаш е подготвена да одговори на предизвиците.

Прашана за денешната седницата на Влада и за донесената одлука, Петровска вели дека тоа значи дека се однесуваме како полноправен член на Алијансата, но и како аспирант за членство во ЕУ. Информира дека нашата безбедносна политика се усогласува со безбедносната политика на ЕУ.

– Но, и претставува начин на кој го изразуваме нашето противење дека не прифаќаме однесувања со кои се кршат меѓународните договори, се кршат човековите права, однесување кое предизвикува човечки загуби и однесување кои не води кон решение, туку кон разгорување на конфликтите – изјави Петровска.

За евентуален бегалски бран, Петровска рече дека државата би ги понудила своите капацитети.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com