37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Петричек – Корчок за Македонија: ЕУ не смее да е судија за историја

Најчитани вести

Барањето да се постави обврска за Северна Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата не е прифатливо… На смеее да се дозволи Европската унија (ЕУ) да стане колективен судија за историски толкувања – за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во изминатите стотици години од историјата на Балканот! Тоа би било големо отстапување од принципите што досега го регулираа процесот на проширување и кои се дел од нашиот подобрен пристап – транспарентност и предвидливост.

Ова се точки кои ги истакнуваат министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок, во зедничката колумна за „ЕУ Обсервер“, насловена „ЕУ не треба да биде судија за историски прашања“.

Бугарија последните десетина дена неколку пати потенцираше дека останува на тврдењето дека Скопје не ги исполнува обврските од Договорот за добрососедство, што според нив е основата за ветото што Софија го стави на преговарачката рамка лани во декември. Во меѓувреме, Софија го отвори и прашањето за македонското малцинство во Албанија за кое вели дека е бугарско и дена на него биле вршени интервенции од Скопје да се пријавува како македонско.

Првите дипломати на Чешка и на Словачка велат дека не смее да се дозволи таквите барања да станат формален дел од критериумите за пристапување, бидејќи ќе ја претвори ЕУ во арбитар на националните истории.

„Дополнителни услови ќе го отворат патот за понатамошни билатерални барања во иднина, потенцијално комплицирајќи го целиот процес во годините или дури децениите што доаѓаат. Условите се бројни, а процесот на пристапување е веќе сложен и бара многу напори, затоа мора да избегнеме воведување елементи кои вклучуваат висок степен на интерпретации и емоции. ЕУ не е тука за да утврди кој е во право или не во врска со прашања поврзани со историјата, јазикот или идентитетот. ЕУ се заснова на единство во различностите, а не на пресуди и категоризации. Отворените историски билатерални прашања треба да се решат билатерално. Тоа не е лесен или краток процес, но може да се направи. Ние тоа го знаеме од сопственото искуство“, оценуваат Петричек и Корчок.

Двајцата дипломати велат дека се уверени оти „пречките ќе бидат надминати“ и дека ќе може да се премине на следните чекори кон рамката за преговорите на ЕУ и Северна Македонија и Албанија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести