Петмина државјани на Куба се приведени на македонска територија откако се обиделе незаконски да ја преминат границата помеѓу Македонија и Грција.
Како што пренесува МВР:
На 17.11.2019 во 09.05 часот кај с. Кременица полициски службеници од Полициска станица Меџитлија ги лишиле од слобода Л.П.А(25), К.Д.Ј.Е(37), Л.Н.Џ.(34), А.К.Ј.(32), Т.Р.Ј.(32), Л.П.Џ.К(32) и С.П.А.(30), сите од Куба, при обид незаконски да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македониј и Р.Грција. Истите биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.