Home » Петков: Уште едни избори ќе бидат загуба на историско време

Петков: Уште едни избори ќе бидат загуба на историско време

by Журнал.мк

Уште едни избори ќе бидат катастрофални и губење на историско време, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Видовме дека има храбри и одговорни луѓе и сега мора да се следи нивниот пример“, рече Петков, откако неколкумина од ‘Има такoв народ’, на чело со министерот за спорт во оставка Радостин Василев, објавија дека ја напуштаат пратеничката група.

„„Се фокусиравме да имаме 121 пратеник кои нема да се зависни, да нема кој да ја спречи промената во антикорупциската комисија, да нема кој да го запре буџетот. Радостин Василев и пратениците порачаа дека нивната лојалност е кон Бугарија. Сега прашање е да се следи нивниот пример со уште седум лица“, рече Кирил Петков.

Тој беше дециден дека нема задкулисни договори и изрази уверување дека „Промената продолжува“ ќе се сретне со други поддржувачи.

„Продолжуваме да разговараме со многу луѓе, идејата е секој да ја сфати огромната одговорност што ја носи. Ако немаме 22 предлог-закони до крајот на годината, губиме и ќе запреме 12 милијарди европски фондови, нема да дојде до ажурирање на пензиите, младите семејства нема да добиваат дополнителни даночни олеснувања, цените на горивата ќе продолжат да растат и веројатно уште еден бран Ковид-19 доаѓа наесен“, коментира премиерот што ќе се случи доколку Собранието не го усвои ажурирањето на буџетот и се покренат нови предвремени избори.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More