– Премиерот на Бугарија Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека се ужасни податоците за цивилите Украинци убиени од руската армија и фотографиите од крвопролевањето во Буча.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот премиер Петков изрази длабоко сочувство и солидарност со народот на Украина.
Тој е категоричен дека „Русија мора да ја прекине оваа војна и сторителите на овие воени злосторства да сносат одговорност“.