14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Петков: Северна Македонија во ЕУ најрано за 10 години

Најчитани вести

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека земјава  За 10 години, може да стане членка на Европската унија..во интервју за БТВ, петков напомена и дека има многу луѓе кои се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу Скопје и Софија.

Отворање на културниот центар Ванчо Михајлов во Битола на која присуствуваше бугарскиот премиер Кирил Петков заедно со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова

Бугарскиот премиер Кирил Петков Македонија во Европската Унија ја гледа најрано за 10 години, а смета дека токму ЕУ треба да биде гарант за правата на Бугарите. Во велигденското интервју за бугарската телевизија БТВ, тој вели дека многумина се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу двете земји, но и дека неговата влада нема да подлегне на „вакви лесни провокации, кои се обидуваат да се случат од двете страни“.

„Гаранцијата за правата на Бугарите во Република Северна Македонија може да се обезбеди и преку европскиот процес. Впрочем, ако ги ставиме во европскиот договор на Република Северна Македонија, веќе нема само Бугарија да ги брани овие права, туку договорот со Европската унија ќе го гарантира ова право. Значи, укинувањето на ветото, како што сите велат – дали да се укине или не, е погрешен начин на размислување“, вели Петков.

Тој додава дека Македонија дел од ЕУ може да биде најрано по 10 години и има многу поглавја на нејзиниот пат кон Европа.

„Ние треба само да ги поставиме нашите услови – на пример, за Уставот пред првото поглавје. На овој начин, со укинувањето на ветото, ние на Северна Македонија и даваме пат да тргне. Но, во овие посебни поглавја можеме да ги ставиме сите услови кои ни се неопходни, и така нема да го решиме проблемот што моментално постои за една или две недели, туку ќе имаме 10 години да работиме заедно за да може навистина Cеверна Mакедонија да биде европска држава и сите права на Бугарите таму да бидат целосно заштитени. Значи, пристапот треба да биде попаметен“, појаснува Петков.

Според него, секој чекор во врска со Македонија мора да помине низ Парламентот, поради што тешко може да има таен договор меѓу владите.

Патот на Македонија кон ЕУ последно е блокиран пред околу две години, со бугарското вето. Бугарија тврди дека земјава ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, а меѓу барањата е и ставање на Бугарите во македонскиот Устав.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com