15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Петков-Протераните руски дипломати водеа хибридни напади во Бугарија

Најчитани вести

Некои од протераните руски дипломати работеле во Софија на координирани хибридни напади во Бугарија, соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков. Информацијата до Петков стигнала од бугарските служби.

„Сите овие хибридни напади, од нивна страна се управувани. Не може да има шпиони од друга држава кои работат против интересите на Бугарија, изјави Петков.

На 18 март Бугарија најави дека ќе протера 10 руски дипломати, со образложение дека извршуваат активности кои се сметаат некомпактибилни со нивниот дипломатски статус. Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека им дало на дипломатите 72 часа да ја напуштат земјата.

„Бугарија мора да се грижи за своите интереси“, изјави премиерот Петков и додаде дека доколку некоја земја се обидува да ја води и води својата политика преку шпиони на бугарска територија, тоа не е дозволено.

Во соопштението на бугарското МНР не беа наведени подетални причини за протерувањата, но откако Русија го почна воениот напад врз Украина, руската амбасадорка во Софија постојано дава контрадикторни изјави за позицијата на Бугарија за конфликтот.

Претходно на 2 март бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде 48 часа да ја напуштат земјата

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com