17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Петков за одлуката на „Гаспром“: Ова е еднострана уцена на Москва

Најчитани вести

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека одлуката на Русија за прекин на испораката на гас за Бугарија е уцена и дека Софија ги разгледува сите договори со „Гаспром“, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија.

„ Предупредувањето на Русија да ја прекине испораката на гас за Бугарија поради барање за промена на шемата за плаќање е сериозно кршење на постоечкиот договор и претставува уцена“, рече Петков.

Петков изјави дека разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го уверила дека 27-члениот блок ќе има заеднички одговор на дејствијата на Русија.

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ утринава објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи тие одбиле да исплатат во рубљи за гасот што им бил доставен во април.

За одлуката на „Гаспром“ претходно денеска зборуваше и бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, кој на новинарите им рече дека Софија ги платила сите количини на гас за април и дека руската компанија ќе го прекрши сегашниот договор доколку го запре протокот на гас.

Според него, Софија наскоро ќе знае дали гасот што се добива преку Турција ќе биде прекинат, рече Николов.

Тој нагласи дека Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, ќе го почитува ставот на Европската комисија, која ги повикува земјите да не плаќаат руски гас во рубљи, што, како што вели, го бара рускиот претседател Владимир Путин.

Бугарија исполнува повеќе од 90 отсто од потребите за снабдување со гас од Русија според долгорочниот договор кој истекува кон крајот на оваа година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com