Home » Петков за „Катимерини“: Или Бугарите во Уставот или нема преговори со ЕУ

Петков за „Катимерини“: Или Бугарите во Уставот или нема преговори со ЕУ

by Журнал.мк

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изразува поддршка за европската перспектива на Македонија, но додава дека е потребно прво да се решат одредени прашања, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија со гаранции во Уставот. Бугарија бара македонскиот Устав да се смени и бугарскиот народ да биде наведен во преамбулата, заедно со другите народи кои живеат во Македонија.

„Ние сме за европската перспектива на Македонија, како и на Албанија. Но, постојат одредени работи што треба прво да се решат, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со владата на Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред“ – изјави бугарскиот премиер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk