17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Петков: Долгорочно Северна Македонија треба да биде во ЕУ, но мора да се заштитат правата на Бугарите

Најчитани вести

Бугарското вето ќе биде повлечено откако работата ќе биде завршена, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков, во раговор за бугарската „Нова.бг“.

„Очекувам во следниот период Северна Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада токму за правата на Бугарите“, рече Петков.

Премиерот смета дека долгорочно Северна Македонија треба да биде во ЕУ, но мора да се заштитат правата на Бугарите.

Бугарскиот долгорочен интерес, како што рече Петков, се совпаѓа со оној на Република Северна Македонија, односно никој не сака сосед кој е сиромашен, а не е во ЕУ и е со затворени граници.

„Треба да се ослободиме од политичката реторика и да работиме. Оваа влада нема да направи ништо без согласност од страна на бугарскиот парламент. Ништо скриено нема да се случи. Целосно ќе го заштитиме нашиот интерес“, изјави Петков.

Претходно денеска, шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова, информираше дека премиерот ја откажал посетатата во Македонија поради тоа што не бил постигнат напредок во преговорите меѓу двете земји.

„Она што бугарската влада и лично премиерот би сакале да го видат е некој доказ дека Северна Македонија има сериозен однос кон говорот на омраза и дискриминацијата на бугарското етничко население“, рече таа во разговор за БНТ.бг додавајќи дека во меѓувреме министерствата за надворешни работи на двете земји активно ги продолжуваат разговорите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com