17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Петков денеска во Брисел на средба и со претседателката на ЕП Мецола

Најчитани вести

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска заминува во работна посета на Брисел каде ќе учествува на состанокот на Мониторинг групата за демократија, владеење на правото и основните права на Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент, посветен на состојбите во Бугарија.

Групата ги следи случувањата во сите земји-членки на ЕУ, а ова е трета средба на која учествуваат претставници на бугарските институции. Кирил Петков ќе биде првиот премиер што одговори на поканата.

Инаку Бугарија веќе има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, а бугарската држава одбива да ги спроведе и продолжува да ги негира Македонците и не применува никакви мерки за заштита од дискриминација.

Инаку на расправата ќе учествуваат и министрите за правда Надежда Јорданова и министерот за култура Атанас Атанасов.

Во рамки на посетата на Брисел, премиерот Петков ќе се сретне и со новоизбраната претседателка на Европскиот парламент Роберта Мецола, како и со претседателите на политичките групи во ЕП.

Реферирањето на Петков во Брисел доаѓа два дена по интензивните билатерални средби со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и министрите при што двете земји потпишаа три меморандуми за соработка на полето на земјоделството, претприемаштвото и транспортната инфраструктура.

Брисел го поздрави придвижувањето во македонско-бугарскиот дијалог и добрата волја од двете страни за решавање на отворените прашања меѓу двете земји кои по бугарското вето ја закочија евроинтеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com