17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Петков го повика Ковачевски да го прифати францускиот предлог, дури и по цена на уривање на Владата во Скопје

Најчитани вести

Бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков денеска го повика македонскиот колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати францускиот предлог што би ја отворило вратата за Македонија да почне пристапни преговори со ЕУ, известува „Политико“. Но Петков призна дека таквиот чекор би можел да ја собори владата на Ковачевски, исто како што тој се соочи со падот на неговата Влада.

– На крајот на денот, знам дека тоа е политички тешко. И знам дека ризикот од уривање на владата е голем. Како политичар, секој мора да одлучи која е неговата цел. Дали е моја цел да бидам стабилен или ми е цел да ја водам нацијата? Направете чекор понатаму, не е удобно во таа положба. Мислам дека тоа е одлуката што Ковачевски треба да ја донесе. Да бев на негово место, не би размислувал двапати. Ако може да остане забележан во историјата преку отворањето на вратата на Северна Македонија во ЕУ, мислам дека тоа е добро постигнување за премиер, но потребна е храброст – порача Петков во интервју за „Политико“ во Брисел, во пресрет на денешното предвидено изјаснување за францускиот предлог во бугарскиот парламент.

Петков во денешното интервју додава дека компромисот предложен од Франција треба да биде сметан за „европски договор“, а не само за спогодба помеѓу Бугарија и Македонија.

– Ова не е Бугарија против Северна Македонија. Ако одлуката биде донесена, тоа треба да биде европски договор на масата во Северна Македонија – заклучува Петков, инсистирајќи дека тој самиот ја покажал потребната политичка храброст, залагајќи се за договор со Скопје, како и во борбата против корупцијата во Бугарија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com