1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Петковски предлага: Да се распише консултативен референдум за преговорите на Македонија со Бугарија

Најчитани вести

Да се распише консултативен референдум, заедно со локалните избори предлага претседателот на НСДП и поранешен Претседател на Собрание, Тито Петковски. Тој во вечерашната „Само вистина“ предложи дека е потребно и конкретно формулирано прашање – „Дали Македонија треба да ги продолжи преговорите со Бугарија онака како што таа ги бара или не?“.

-Најважно е што политичките партии во земјава покажаа волја за да се обединат околу една идеја и да покажат единство на политичка основа. Тоа говори за едно повисоко ниво на политичка култура, која ние после 30 години како политички партии треба да го имаме, вели Петковски.

Петковски повика и бугарскиот претседател Румен Радев да дојде во Македонија и да се поклони на жртвите на бугарскиот фашизам.

-Само така ќе почне процес на помирување, на кој треба да му претходи процес на извинуваање и мислам дека Македонија и Бугарија ќе станат најблиски земји доколку дојде до извинување, вели Петковски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести