2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Петковски: Неприфатливо е Борисов да уценува со Гоце Делчев

Најчитани вести

Поранешниот претседател на Собранието и екслидер на НСДП, која е коалициски партнер во власта, Тито Петковски, е изненаден од настапот на бугарскиот премиер, Бојко Борисов на денешната прес-конференција во владата со Зоран Заев,пренесе Плус Инфо.

Неговата реакција е во однос на изјавата на Борисов за решавање на прашањето околу Гоце Делчев, со што, според него, бугарскиот премиер не ја почитува одлуката на Бугарија за пренесување на моштите на Делчев.

– Не можев да си поверувам дека шеф на Влада на земја членка на ЕУ може така жестоко и енергично да се бори против одлука донесена од претходна легитимна бугарска влада – вели Петковски.

Дали тоа значи, прашува тој, дека еден ден треба да го прогласи и Борисов за предавник поради договорот што го потпиша со Македонија.

– Ако се знае дека меѓународните договори и одлуки треба да се почитуваат, тогаш тука е и Договорот околу испорачување на моштите на Гоце Делчев. Особено ме изненади изјавата дека ако го прифати фактот за Делчев, ќе биде прогласен за предавник на бугарската историја. Како што е познато Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, кога дојдоа на власт ги прогласија за предавници тие што ја донесоа одлуката за испорачување на моштите. Дали според ова што го кажа денеска Борисов, значи дека и неговата одлуката што ја донесе тој и потпиша Договор за добрососедство може да биде основ некои следни влади да го прогласат него за предавник? Тоа е уште една потврда зошто договорите мора да се почитуваат – дециден е Петковски.

Тој гледа како на уцена тоа што на новинарско прашање дали ќе ја блокира Македонија ако не се договорат историчарите до октомври, Борисов потенцираше дека мора да се најде решение до октовмри.

– Апсолутно е неприфатливо Борисов да уценува со тоа или до октовмри да се реши прашањето за Гоце Делчев или Бугарија ќе има сосема поинаков однос кон Македонија во однос на интеграциите во ЕУ – вели Петковски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести