4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Петгодишно дете од Албанија почина од ковид-19

Најчитани вести

Најмладата жртва на коронавирусот во Албанија досега од почетокот на пандемијата, петгодишно дете, починало вчера од компликации поврзани со ковид-19 во болница во Тирана.

Според албанските медиуми, детето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана.

Поради влошената состојба, момченцето со иницијали М.Н. потоа било транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но не успеало да го победи вирусот и починало во болница во Турција, наведува Ора њуз.

Детето било со прекумерна тежина и имало околу 54 килограми, соопштија здравствените власти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com