-3 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Песна на Теа меѓу 50 најдобри во Европа

Најчитани вести

Песната „Која сум јас“ на македонската пејачка Теа Трајковска се најде на листата „Топ 50 песни од Европа“, на веб-радиото Sounds European од Америка. На листата биле предложени околу 1600 песни, а песната на Теа е избрана меѓу 50. најдобри.

„Изненадена сум затоа што никој никаде не ја ја пратил песната. Ова е веб-радио од Америка што третира европска музика и споделува сè што се издава во секоја европска држава. Тие ја следат и македонската сцена и објавуваат песни што се промовирани кај нас. И од повеќе од 1600 песни што ги пуштале годинава, нивниот тим гласал за најдобрите 50, а таму влегла и ‘Која сум јас’“, раскажа Теа за „Репортер“.

Ова е прво вакво признание за младата пејачка. Таа лани го издаде албумот „Која сум јас“, а пред неколку дена го промовираше спотот за песната „Што би било“.

(А.Ј)

Текстот  Песна на Теа меѓу 50 најдобри во Европа е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести