14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Перишиќ сам ќе реши дали ќе остане во Интер

Најчитани вести

Договорот на Иван Перишиќ со Интер истекува на крајот од оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец сам ќе си ја решава судбината. Според италијанските медиуми, доколку Перишиќ се согласи да игра за помала плата, тогаш Интер ќе без размислување ќе го продолжи договорот со него, во спротивно може да си бара нов клуб.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Перишиќ игра за годишна плата од пет милиони евра. Доколку сака да остане на „Сан Сиро“, ќе мора да прифати безмалку двојно помала плата. Интер му понудиле три милиони евра по сезона.

Перишиќ во 2015 година, од Волфсбург, пристигна во Интер. Една сезона мина на позајмица во Баерн Минхен, кога со Баварците ја освои Лигата на шампионите. Минатата сезона со Интер ја освои Серија А.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com