Никола Перевски – Пере, фронтменот на групата Нокаут, е татко на 4 ќерки.
Тој во јуни оваа година ја објави веста дека заедно со сопругата Јована станаа родители на уште една ќерка, Ирис. Пере има две ќерки од првиот брак со новинарката Александра Спировска – Миа и Каја.
Пере и неговата сегашна сопруга Јована се заедно од 2011 година, а во 2020 година ја добија првата заедничка ќерка Софиа.
Музичарот неодамна на Инстаграм објави фотографија на која позира заедно со ќерките, а во описот на истата напиша: „Одмор со моите четири сирења“. Неколку фотографии од заедничкото летување објави и неговата ќерка Миа, која тргна по стапките на својот татко и се занимава со музика.





