3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Пентагон формираше канцеларија за проучување на НЛО

Најчитани вести

Пентагон соопшти дека формирал канцеларија за собирање и проучување на информациите за неидентификуваните летечки објекти (НЛО) кои ги гледаат различните родови на американската војска.

Оваа „група за координирана идентификација и управување со воздухопловните објекти“ или АОИМСГ ја заменува „работната група за неидентификувани појави во воздухот“ основана во август 2020 и тогаш беше ставена под закрила на американската воена морнарица, се наведува во соопштението на американското министерство за одбрана објавено синоќа.

Канцеларијата е во надлежност на потсекретарот за одбрана задолжен за разузнавање и безбедност, што сведочи за тоа дека американската војска за „неидентификуваните воздушни феномени“ не ги смета за одговорните „малите зелени“ туку реалните противници на Соединетите Американски Држави.

Вашингтон всушност е загрижен за кинеските можности за шпионирање со помош на дронови и други летечки уреди.

Идниот директор на АОИМСГ, кој сè уште не е именуван, ќе ја координира работата на различните родови на американската војска и разузнавачките служби на тоа поле.

Пентагон лани објави три видеоснимки направени од пилоти на американската морнарица – една во ноември 2004 и две во јануари 2015 – на кои се гледа нивна средба за време на лет со „непознати објекти во воздух“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com