Home » Пентагон: Успешно лансиравме ракета

Пентагон: Успешно лансиравме ракета

by Журнал.мк

Американската морнарица и армија истрелаа проектил од Центарот за лансирање ракети на островот Валопс на НАСА во Вирџинија, за да тестираат десетина експерименти со хиперсонично оружје.

Пентагон тестот го нарече успешен и изјави дека целта е да се помогне во развојот на нова класа на оружје, пренесува „Ројтерс“.

Хиперсоничните едрилици се лансираат од ракета во горните слоеви на атмосферата, а потоа на пат до целта достигнуваат брзина пет пати поголема од брзината на звукот, поточно околу 6.200 километри на час.

САД и нивните ривали ја забрзаа трката за развој на хиперсонично оружје како нова генерација на оружје што го намалува времето на реакција на противниците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More