-9.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Пентагон за Авганистан: Мора да извлечеме многу поуки

Најчитани вести

Највисоки официјални претставници на Пентагон рекоа дека „ќе извлечат поуки“ од војната во Авганистан, признавајќи притоа дека чувствуваат „болка и гнев“ бидејќи ја предадоа земјата на талибанците со кои војуваа 20 години.

Ниту една операција не е завршена. Сакаме да извлечеме секаква можна поука од ова искуство, рече Лојд Остин, министер за одбрана на САД, во првото јавно обраќање по завршување на хаотичната евакуација на 124.000 цивили од Кабул во ноќта во понеделникот спроти вторникот.

Остин, поранешен генерал кој се бореше во Авганистан, оддаде почест за 800.000 американски војници кои учествуваа во авганистанската војна од 2001 година во која загинаа 2.461 униформирано лице на САД, вклучувајќи ги и 13-те во последните часови од повлекувањето.

Началникот на здружениот штаб на американската војска, Марк Мили, кој исто така се бореше во Авганистан, призна дека „деновиве биле емоционално исклучително тешки“.

Сите сме обземени со тага, болка, гнев и жал од една страна и гордост и нескршливост од друга. Ќе учиме од ова искуство, а тоа што нè доведе до оваа ситуација ќе го проучуваме со години. Има многу тактички, оперативн и и стратешки поуки што треба да ги извлечеме, додаде Мили.

Остин призна дека војниците кои загубиле соборци во Авганистан, како и семејствата на жртвите, можеби тешко ќе прифатат дека војната, во која се влезе во 2001 година за талибанците да се симнат од власт, е завршена.

„Знам дека овие денови беа тешки за многу од нас. Од авганистанските ветерани не треба да треба да се очекува повеќе одошто од другите Американци. Овие денови имав прилика да слушнам многу различни мислења. Тоа е многу важно. Тоа е демократија“, истакна Остин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com