14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Пентагон го советувал Бајден да се држи до договорот со талибанците

Најчитани вести

Пентагон му препорачал на претседателот на САД, Џо Бајден, да се придржува до договорот за 31 август како краен рок за заминување на американските војници од Авганистан, потврдија американските власти.

Британските медиуми наведуваат дека портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека американскиот претседател ги предупредил лидерите на Г7 за време на вчерашниот онлајн самит дека американската мисија во Кабул ќе биде завршена во зависност од постигнувањето на американските цели.

-Претседателот потврди дека сме на добар пат да ги постигнеме тие цели до 31 август, рече Псаки.

За време на својот говор на самитот на Г7, американскиот претседател посочи дека САД „брзо го изведуваат повлекувањето од Авганистан до 31 август, во зависност од соработката со Талибанците“.

Бајден пред речиси две недели на аеродромот во Кабул испрати неколку илјади американски војници, откако талибанците го освоија главниот град и поголем дел од Авганистан.

Околу 6.000 американски војници помагаат во евакуацијата на американските државјани и загрозените Авганистанци, но и во обезбедувањето од аеродромот во Кабул да можат да ја спероведуваат евакуацијата и другите земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com