Home » Пензијата да биде 60 отсто од просечната плата, бараат кумановските пензионери

Пензијата да биде 60 отсто од просечната плата, бараат кумановските пензионери

by Журнал.мк

Носење на закон за минимална пензија кој ќе изнесува 60 отсто од просечната плата, а дотогаш линеарно покачување, бараат кумановските пензионери. Тие и денеска револтот го изразија во просториите на здружението, а само дел од членовите на иницијативниот одбор учествуваа во протестот во Скопје. Велат, проблемот треба да се реши институционално, а не на улица. Појаснија дека просечната пензија во земјава е 311 евра, а единствено пониска од регионот е во Босна и Херцеговина.

„Да се избориме за озаконета минимална пензија која според нашите првични согледувања би требало да се движи на ниво на 60 отсто од просечна плата на државата а до усвојување на истата да се премости со линеарно покачување дали еднократно, двократно, или повеќекратно до моментот на решавање и озаконување на минималната пензија“, рече Љубица Алексовска Костиќ, претставник од иницијативен одбор.

Пензионерите бараат и ангажираните во здруженијата да работат волонтерски. Претседателот пак вели, незадоволството е од инфлацијата.

„Здружението има преземено сè што е побарано. Зголемување на пензијата, бенефиции кои можат да се добија и ги повторувам, ако може Владата и државата да ги намали трошоците за лекови, партиципација, овие луѓе да можат да живеат. Пензијата дали ќе ја качат или не, не зависи од ниту едно здружение“, истакна Ристо Бошков, претседател на Здружение на пензионери – Куманово.

Пензионерите во Куманово ќе протестираат секој понеделник во просториите на здружението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More