21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Пензионер заврши во болница поради предозирање со кокаин, но тоа не е единствениот случај во Англија

Најчитани вести

Деведесетгодишен пензионер е хоспитализиран во англиска болница поради паничен напад предизвикан од употреба на кокаин.

Но тој не е единствениот, според извештајот на англиската Национална здравствена служба, десетина постари пациенти биле донесени во болница на кои им се дијагностицирани бихевиорални и психички нарушувања предизвикани од употреба на кокаин.

Анализата во Англија покажа зголемување на бројот на лица постари од 60 години кои се лекуваат поради проблеми со кокаин.

Од 45 лица пријавени во 2009 година, оваа година бројот се зголеми на 379 лица, пренесува „Мирор“.

Д-р Емили Финч, од Факултетот за болести на зависност, рече дека зголемувањето на бројот на пензионери кои консумираат наркотици е поврзан со подолгиот животен век, зголемувањето на чистотата и падот на цената на наркотиците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести