15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Пендаровски ќе го разгледа законот за дивоградби, па ќе одлучи дали да го потпише указот

Најчитани вести

Законот за дивоградби што вчера го изгласа Собранието денеска е доставен до претседателот на државата, потврдија од кабинетот на Пендаровски. Како што информираат од кабинетот, претседателот ќе го разгледа, по што ќе донесе одлука дали ќе го потпише Указот.

„Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, денеска е доставен од Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски ќе го разгледа текстот на законот по што ќе донесе одлука и навремено ќе ја информира јавноста“

соопштија од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Претходно, Демократскиот сојуз побара од претседателот Пендаровски да не го потпишува законот, затоа што е спротивен на владеење на правото и ги штити оние кои граделе бесправно.

Освен Трајановски, барање до претседателот Пендаровски испратиле и пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсовски, како и двајцата пратеници од ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски. Според нив, со законот е во спротивност со урбанистичките планови, и се испраќа порака до граѓаните дека може да градат без да поседуваат градежна дозвола, да узурпираат државно земјиште и дека подоцна ќе им биде овозможено да ги легализираат своите дивоградби

„Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е нешто што не смее ни да се размислува во една правна држава во која владеат демократските принципи. Ваквиот закон не е ништо друго освен закон за амнестија, бидејќи градењето надвор од законски предвидената постапка, без соодветно одобрение, претставува кривично дело“

стои во писмото испратено до претседателот Пендаровски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести