4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Пендаровски: Уставните измени наскоро ќе бидат на агендата

Најчитани вести

Годинава очекуваме да заврши скрининг-фазата од преговарачкиот процес со Унијата и да преминеме кон отворање на кластерите. Претседателот Пендаровски се обрати на приемот за дипломатскиот кор. Шефот на државата најави дека уставните измени наскоро ќе бидат на агендата. Потребна ни е атмосфера во која сите про-европски сили ќе се обединат и да испорачаат резултати.

„Тој процес нема да биде лесен, а секоја натамошна провокација или атак врз нашиот идентитет, само дополнително ќе го усложнува. Со други зборови, потребен е стабилен амбиент и предвидливост на европскиот пат. Притоа, не смееме да заборавиме дека европските интеграции за нас не значат само добрососедски односи, туку и економски прогрес, сериозни реформи и реална, а не реторичка борба против високата корупција“, додаде Пендаровски.

Шефот на државата во обраќањето, оцени дека регионот во кој живееме е особено погоден од случувањата во Украина, без разлика дали станува збор за економско-социјалните последици или, пак, за изложеноста на хибридните закани и кампањите на лажни вести.

Пендаровски во обраќањето пред дипломатскиот кор подвлече дека, како и досега, во рамките на неговите надлежности ќе настојува земјава да продолжи по патот на евроинтеграциите, дијалогот и соработката со сите соседи.

Најнови вести