17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Пендаровски: Треба да се разграничи што е политички, а што историски критериум за влез во ЕУ

Најчитани вести

Откако се случи блокадата од Бугарија, ќе го обновиме предлогот да се вклучат неколку експерти од страна во работата на комисијата историчари, но и да се разграничи што е историски, а што политички критериум за влез во ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на телевизија Канал 5.

Пендаровски појасни дека сакаат да предложат како понатамошен пристап во преговорите, да се разграничи што е историја, а што политика во барањата од Софија, односно дали ние не ги исполнувале условите за почеток на преговорите од историски или од политички причини.

„Ако барате да се разговара за владеење на правото, дајте да разговараме за владеење на правото, слобода на медиуми, професионална администрација, борба против корупција… ние сме тука. Тоа се критериуми за влез во ЕУ. Ако барате да се разговара за историја, во ред, имаме историска комисија, нека работат историчарите таму. Меѓутоа, не може тоа да биде услов за влез во политичка организација направена 1957 година“, изјави Пендаровски.

Посочи дека Бугарија во март гласала „за”, а веќе во декември била „против” преговарачката рамка.

„Во декември сите 26 земји членки при гласањето беа со скрстени раце. Никој не се согласуваше во Бугарија, но сите ни велеа дека мора да има целосен консенсуз и за почеток и за влез. Тоа е реалноста и треба да ја кажеме на нашиот народ“, изјави Пендаровски.

Компромис секако ќе има, налгаси Пендаровски, но, не знаеме каков ќе биде, дали ќе биде тежок, ќе видиме. Негова проценка е дека позицијата на Република Бугарија од декемри минатата година, не може да издржи на долг рок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести