16 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Пендаровски тврди дека бил погрешно разбран- Контекстот на изјавата е за европската безидејност

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски признава дека неговата изјава во Нови Сад, Србија, влијаела негативно кај граѓаните на Македонија и поради тоа се чувствува виновен.

Првиот човек на државата бара политичките субјекти да не го злоупотребуваат ваквиот негов став за дневна политика, додавајќи дека сите субјекти треба да седнат и да изготват заедничка стратегија за да се спречи заминувањето на младите од земјава.

Пендаровски вели дека досега ниеден претседател, премиер или Влада не работеле доволно за да се спречи иселувањето. Според него, од отцепувањето од Југославија до денес од земјава заминале над 500 илјади граѓани.

Минатата недела Пендаровски на Регионалниот младински форум во Србија, говорејќи за перспективите на младите и миграциите, меѓу другото рече дека ако не бил претседател и тој би си заминал од земјава. Опозицијата ја оцени неговата изјава како повик младите да си змаинуваат, но Пендаровски тврди дека бил лошо протолкуван.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести