-2 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Пендаровски со нови укази одговори на спорните укази на Иванов за Армијата

Најчитани вести

Три потврдувања на одлуките, две отповикувања и едно поставување на нова позиција е решението на претседателот Стево Пендаровски за спорните укази на неговиот претходник Ѓорге Иванов за унапредување, поставување во Армијата, како и упатување воени претставници во странство, а за кои Државната комисија за спречување корупција донесе решение дека се незаконски.

Со новите укази Пендаровски го потврди чинот на началникот на Генераштабот Васко Ѓурчиновски кој во февруари од Иванов беше унапреден од генерал-мајор во генерал–потполковник. Од Кабинетот на претседателот информираат дека не постоел правен основ за намалување на чинот на началникот на ГШ, бидејќи законски таква одлука може да се донесе единствено доколку постои сторено кривично дело.

Со новите укази од претседателот на исти позиции кои им ги определи Иванов остануваат бригадниот-генерал Драган Јордев, како заменик-командант на Здружената оперативна команда и Маријо Јуришиќ кого и Пендаровски го постави за воено аташе во Франција.

Полковникот Бенсник Емини од началник на штаб на Здружената оперативна команда оди скалило подолу во командната хиерархија и поставен е за командант на 1. Механизирана пешадиска бригада. Сепак Емини како полковник е повторно поставен на генералско формациско место. Таква среќа немаше полковникот Драган Ковачки кој е разрешен од позицијата на која го стави Иванов, командант на 1. Механизирана бригада и за негово идна позиција во армијата ќе решева министерката за одбрана, во чија надлежност е поставувањето на полковниците. И бригадниот-генерал Мирче Ѓоргоски останува без конкретно место во армијата по отповикувањето како воен претставник во НАТО. За неговата идна позиција допрва ќе се одлучува, согласно потребите на армијата, информираат од Кабинетот.

Указите на Иванов освен што беа спорни што беа донесене во изборен период, што го констатираше Антикорупциска, беа и спротивни на Уставот, бидејќи беа потпишани и донесени со старото уставно име Република Македонија, иако во моментот на нивното потпишување и постапување по нив, на сила беше новото уставно име, Република Северна Македонија. Инаку, непочитувањето и кршење на Уставот е кривично дело.

Од Кабинетот на претседателот информираат дека тие не се истражен орган и не можеле да утврдат дали указите се кривично дело со кршење на Уставот, за што надлежноста ја префрлија на Јавното обивинителство. Информираат дека институцијата претседател нема поднесено до Обвинителство барање за да се утврдување на одговорснот за кривично дело со кршење на Уставот, но оти тоа може да го направи Обвинителството по службена должност.

Исто така не е покрената засега ниту постапка во Генералштабот или министерството за одбрана, како ни во Службен весник, за утврдување на одговорност за постапување по указ кој е спротивен на Уставот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести