-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Пендаровски покровител на јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“

Најчитани вести

Друштвото на ликовни уметници на Македонија одбележува голем и значаен јубилеј 75 години од формирањето и постоењето на Друштвото. По тој повод на 1 декември во Национална галерија на Р.С. Македонија во два објекти Чифте амам (20 часот) и Мала станица ќе биде отворена голема јубилејна изложба на членови на ДЛУМ од неговото основање до денес. На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј.

Изложбата се реализира во соработка со Национална галерија. Воведниот текст во каталогот е на претседателот на Уметнички совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска.

Изложбата ќе ја отвори покровителот на јубилејот, претседателот Стево Пендаровски.

Во согласност со протоколите за заштита од ковид -19, приемот на посетители ќе биде во период од 19:00-19:50 часот. Настанот ќе се спроведе со важечките протоколи за сите јавни настани.

Сите љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја видат во двата објекти Чифте амам и Мала станица до 12.12.2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com