8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Пендаровски очекува американска акција на Балканот и во Македонија

Најчитани вести

Претседателот Пендаровски очекува нивата американска администрација да преземе подиректни активности на Балканот и Македонија.

Тој своето очекување го темели на анализа на актуелните состојби во Вашингтон што во дипломатски речник може да значи дека преку дипломатски канали или разузнавачки извори добил информации за одлучни чекори на администрацијата на Бајден за сузбивање на негативните трендови во регионот.

“Сегашниот амбиент во САД навестува дека новата администрација, посветено ќе се осврне на состојбите во регионот на Западен Балкан”, пишува Пендаровски на Твитер како резиме од неговиот настап на ТВ24 каде даде интервју за Младен Чадиковски.

Какви активности очекува Пендаровски од САД, дали тие ќе бидат насочени за повеќе земји и во колкав обем ќе бидат спроведени и во Македонија тој не открива.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести