37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Пендаровски оствари средба со претставници од Ромалитико

Најчитани вести

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за активностите на Ромалитико и Граѓанското движење „Аваја”.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Елвис Шаќири, извршен директор и Алберт Мемети, менаџер на програмата за економски развој на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и претставници на граѓанското движење „Аваја”.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за активностите на Ромалитико и Граѓанското движење „Аваја”, како и за предизвиците со коишто се соочуваат во реализирањето на нивните приоритети во насока на унапредување на севкупната положба на ромската заедница.

Соговорниците се осврнаа на целите, содржани во тригодишната стратегија на институтот, а кои се однесуваат на зголемување на политичкото претставување на Ромите и обезбедување добро владеење на избраните функционери, искористување на фондовите за директна поддршка на ромската заедница, остварување на правата на ромската заедница загарантирани со Охридскиот рамковен договор, канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агендата преку таргетирани и мејнстрим јавни политики, како и сензитивизирање на националните и локалните институции за антициганизмот. На средбата се дискутираше и за принципот за правична застапеност, престојниот попис, предлог законот за воведување на етничка припадност во личните карти, ромскиот јазик и други јавни политики кои заслужуваат заложба од надлежните институции.

Поздравувајќи ги активностите на институтот во промовирањето на правата на Ромите во Република Македонија, претседателот Пендаровски нагласи дека обезбедувањето достоинствен и квалитетен живот, на сите граѓани подеднакво, е нужен предуслов за градење стабилно и просперитетно општество. Во тој контекст, порача претседателот Пендаровски, неопходен е заеднички ангажман, одговорен пристап и максимална посветеност, на сите чинители, во креирањето политики втемелени на демократските принципи и вредности.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести