21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Пендаровски: Ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат

Најчитани вести

Претседателот вели дека до овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати.

До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати, а уште стотина се во процедура да добијат. Ниту еден политичар на локално или централно ниво нема добиено негативно решение, вели претседателот Стево Пендаровски.

– Не е точно дека само Пендровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат, истакна Пендаровски во гостување во емисијата Стадион на радио Канал 77.

Тој посочува дека ниту еден политичар не добил негативно решение, или формално бил одбиен од НАТО.

– Вотриот мит – ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат, секојпат ти дава писмен одговор – вашето барање е одбиено, тоа што го споменуваа Оливер Спасовски, Маричиќ… Tакво нешто нема до сега нема добиено ниту еден политичар на локално или централно ниво.Никој политичар нема добиено негативно решение, или да е формално одбиен од НАТО – вели шефот на државата.

Во однос на борбата против корупцијата, Пендаровски смета дека Владата треба да ги удвои ресурсите.

– Мислам дека Владата мора да ги мобилизира двојно своите ресурси од ова што било. Не велам дека немало напори. Е, сега, бидејќи е таква ситуацијата, ќе губиме време, не треба да оспоруваме, да зборуваме дали е ова перцепција… Перцепција е неспорно, бидејќи насловот на документот е тој-перцепија. Меѓутоа, е доволен индикатор да се замислиме. Перцепција е, бидејќи сами кажуваат дека е – „што мислите..“, бидејќи не ги бројат случаите во суд што завршиле со висока корупција, но мислам дека е крајно сериозен индикaтор и затоа мислам дека Владата треба не само преку вицепремиeрот за борба против корупцијата, туку генерално сите ресурси двојно да ги удвои и да покаже уште поголема од оваа политичка волја и да се фати во костец со тоа зло. Да знaете, ако не е спорот со Бугарија, и ние да претпоставиме дека преговараме со ЕУ, прво е Поглавје 24. Има и други точки, ама тоа е главното борба против висока корупција – вели Пендаровски.

За пописот тој вели дека одложувањето е можно како опција, ако сакаат партиите, но на месец или два, а не на година.

– Не барам одложување на година.Само поради аргументите на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, дека поради пандемијата моќе нема да ви отворат… Ако тоа е проблем, чекајќи ги вакцините, поради страв кај некои граѓани, заради пандемија само, зошто не би го одложиле на месец или два?! Пописот ни е потребен, проблем не е законот, туку терминот. Ако е проблем короната, може владата да размислува за одлагање за месец – два – вели Пендаровски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести