14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Пендаровски нема да го потпише Изборниот законик

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик со кои се бараат потписи од два отсто од запишаните избирачи во општината за истакнување независни кандидатури за локалните избори.Пендаровски вели дека ако деновиве во Собранието се донесат измените, тој нема да ги потпише, бидејќи се оневозможува влез на други субјекти на политичката сцена.

„Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10.000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е до едет отсто. Не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат измените”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.

Пендаровски вели дека измени пред избори би потпишал само доколку постои општ консензус за нов, кој во моментов го нема.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com