Претседателот Стево Пендаровски, на 22 ноември ќе престојува во официјална посета на Белград каде ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
За време на официјалната посета на Република Србија, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, и со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.