Претседателот Стево Пендаровски и’ претстави на претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која престојува во официјална посета на Македонија куче од расата шарпланинец.
Ова се случуваше за време на свечена церемонија по повод нејзината посета.
„Со прекоманда од Армијата неодамна добив засилување во мојот кабинет. Ви го претставувам симболот на нашата традиција македонскиот Шарпланинец, тромесечниот Рок“, рече Пендаровски.
Новак беше дочекана со сите почести, по што се упати со Пендаровски на состанок.
Се очекува Новак да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.