12 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Пендаровски на Самитот на ПСЈИЕ во Сараево

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на пленарната сесија на Самитот.

Во рамки Самитот шефот на државата ќе оствари и повеќе билатерални средби со учесниците на самитот.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа (South East Europe Cooperation Process – SEECP) е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности. Целта на оваа регионална иницијатива е преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот, да овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО. /МИА

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести