-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Пендаровски : Најболна точка на нашето општество е корупцијата

Најчитани вести

Идеалот за борба против корупцијата е подзаборавен, а високата корупција, за жал, станала начин на живеење и тука имаме прилично многу за домашна задача, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

„Најболната точка на нашето општество, на целата наша држава од 90-та до денес е корупцијата. Дали порано тоа било детектирано или не толку затоа што имавме и воени закани и внатрешен конфликт во 2001, тоа е друго прашање, меѓутоа таа корупција, особено сега зборувам за високата корупција, за жал, стана начин на живеење, и тука имаме прилично многу за домашна задача на домашната агенда. Во тој дел, а тоа го покажува и последниот извештај на Транспарентност да бидете на 111. место во светот не е за фалење“ – изјави Пендаровски.

Во врска со потпишувањето на Законот за изградба на автопати без тендер од страна на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, наспроти иницијатива за оценување на уставноста на овој закон на Државната комисија за спречување на корупцијата доставена до Уставниот суд, тој вели дека не е негова надлежност да ја оценува уставноста на законите кои ги потпишува туку тоа е работа само на Уставниот суд.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com