28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Пендаровски нареди Армијата да се повлече од јужната и северната граница

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски нареди началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да ги повлече војниците од јужната и северната граница.

Оваа наредба, како што соопштија од кабинетот на Претседателот, е донесена поради завршувањето на кризната состојба прогласена на јужната и северната граница поради мигрантската криза.

„Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница“, соопштија од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Армијата, додаваат оттаму, останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од ковид-19.

„Доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза на јужната и северната државна граница, врховниот командант на вооружените сили повторно ќе и нареди на Армијата да ги извршува досегашните задачи“, стои во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести