Home » Пендаровски му довери втор мандат на Муслиу да раководи со Агенцијата за разузнавање

Пендаровски му довери втор мандат на Муслиу да раководи со Агенцијата за разузнавање

by Журнал.мк

Претседателот Стево Пендаровски донел одлука повторно да го именува Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, откако истече неговиот прв четиригодишен мандат, дознава „Фокус“.

По неговиот избор за шеф на државата пред 4 години, Пендаровски одлучи да го именува Муслиу за директор на АР, која е под капа на Претседателот на државата.

Токму сега му истече законски дефинираниот 4-годишен мандат на Муслиу, но денеска во Службен весник е објавена одлука на Пендаровски повторно да го именува актуелниот директор на АР за уште еден мандат.

Инаку, Еролд Муслиу е роден во Кичево, а дипломирал криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје.

Од 1993-1998 година работи во МВР, во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, каде бил ангажиран на теренски активности од областа на контраразузнавањето како самостоен инспектор.

Со отпочнување со работа на Агенцијата за разунавање во 1998 година, Муслиу преминува во Агенцијата и работи на теренски активности од областа на разузнавање на меѓународниот тероризам како виш и главен инспектор.

Од 2000 до 2007 година, Муслиу работи во рамки на Дирекцијата за оперативни работи на АР, ангажиран на теренски активности како помошник на директорот на Дирекцијата.

Од 2007 до 2012, пак, во рамки на АР Муслиу раководи со Дирекцијата за разузнавање на меѓународниот тероризам и организиран криминал.

Во 2012 година е прераспореден на позицијата советник на директорот на АР за меѓународна оперативна соработка.

Од 2015, Муслиу работи како помошник на директорот на АР задолжен за координација на оперативните работи на Агенцијата, се до неговиот прв избор за директор во 2019 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk