16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Пендаровски: Моите ставови за „27 април“ и пред и по средбата со Мицкоски се апсолутно идентични

Најчитани вести

Да имавме заеднички став за „27 април“ ќе излезевме со заедничка прес-конференција или заедничко соопштение. Моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со Мицковски, вели шефот на државата Стево Пендаровски.

-Јас имав соопштение после тоа, после таа негова изјава во кое кажав дека и во дипломатијата и во политиката кога излегувате на одвоени изјави јасно е дека сте имале различни ставови за истите настани. Да имавме усогласени ставови за „27 април“, како што тој вели, сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или со заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата. Немам што да додадам на тоа. Станува збор за реалноста тоа што внатре се случуваше и која беше соопштена многу пати. Инаку моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицковски. Моите ставови и пред таа средба и потоа и денес ако ме прашувате се апсолутно идентични, вели Пендаровски на новинарско прашање за обвинувањата од Мицкоски дека изјавите кои ги дал ден по средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу „27 април“ се разликуваат од кажаното од него на самата средба.

Подвлече дека неговите ставови во врска со „27 април“ не претставуваат мешање во судството, бидејќи тој цитира член од Кривичниот законик кој овозможува повторување на процесот.

-Прво јас немам политички став за судски процес кој е во тек, туку за судски процес кој е завршен. Второ нема никакво мешање во работата на судството првот затоа што е затворен процесот. И второ, во мојата изјава, јас цитирам одредба од Кривичниот законик која овозможува повторување на процесот. Еден од процесите кои вие ги спомнувате беше повторен, значи имаше повторно судење, беше преотворен, имено благодарејќи на таа одредба во КЗ. Значи мешање во работата на судството е ако кажувате како треба да се суди или ако велите – јас имам докази и очекувам врз основа на она што јас го кажувам да се преотвори тој случај. Велам, ако има нови докази, адовкатите, правните застапници до Врховниот суд, во овој случај правната процедура е таа. Не е мешање во судската работа ако цитирате член од Кривичниот законик, рече Пендаровски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која е во прва официјална посета на Република Северна Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести