Пендаровски: Македонија е мета на напади со лажни вести

0

Она што е многу важно за малите држави кои се членки или сакаат да станат членки на Алијансата е плурализмот се почитува плурализмот на членките бидејќи секоја држава има еден глас по клучниот програм на НАТО, Северноатлантскиот совет кој ги носи најтешките одлуки, рече денеска претседателот Стево Пендаровски пред студентите на Факултетот за безбедност, кад, заедно со американската амбаасадорка Кејт Брнс, учествуваше на трибината „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО: Цели, предизвици и можности“.

„НАТО успешно се прилагодува и на новите закани. Тероризмот со религиозен предзнак е закана за членките на НАТО. Тоа е закана на сите континенти, а гледаме дека тоа се случува блиску до нас“, рече Пендаровски и додаде дека ние сме предмет на напад и со т.н. „фејк њуз“, односно лажни вести со кои, како што рече, се обидуваат да се поткопаат демократските вредности.