16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Пендаровски и Мицкоски ги одмрзнуваат односите, најавена е средба за в петок

Најчитани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на свое барање, денеска остварил телефонски разговор со шефот на државата Стево Пендаровски, велат од опозициската партија.

Практично, со овој телефонски разговор се одмрзнуваат односите меѓу Мицкоски и Пендаровски. За в петок е договорена и средба Пендаровски-Мицкоски, на која ќе се дискутираат две теми – за темата што ја отвори Пендаровски во врска со осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба.

Мицкоски минатата година соопшти дека партијата ќе ги замрзне односите со претседателот на државата откако Пендаровски одлучи да му го додели мандатот на Зоран Заев по парламентарните избори.

Тогаш ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од тој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со шефот на државата и ќе ги преиспита политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести