Home » Пендаровски издаде наредба за подготовка на контингент војници и средства за помош на Словенија

Пендаровски издаде наредба за подготовка на контингент војници и средства за помош на Словенија

by Журнал.мк

Претседателот Стево Пендаровски како врховен командант на вооружените сили на Армијата на Република Северна Македонија издаде наредба до началникот на Генералштабот на Армијата да се преземат мерки за подготовка на контингент војници и материјално-технички средства коишто најскоро би биле упатени во Република Словенија за помош во справувањето со последиците од катастрофалните поплави кои ја погодија целата земја.

Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, Пендаровски претходно во разговор со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар изрази жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини жители за загубите и штетите претрпени во поплавите кои беа со огромен размер и искажа подготвеност за помош.

Словенија е голем пријател на Северна Македонија, дом на многу наши сограѓани, наш сојузник во НАТО, држава со која соработуваме во повеќе процеси и иницијативи, а целиме да имаме и заедничка иднина во рамки на ЕУ. Македонското општество се сеќава на помошта која Словенија ни ја дала во минатото при справување со природни непогоди и ние сме подготвени да помогнеме согласно искажаните потреби од словенечката страна во рамки на нашите можности- стои во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More