24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Пендаровски за РСЕ: Постапки од поединци не треба да ја деградираат работата на СЈО

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа говори за случајот „Рекет“ но и моменталната позиција на Специјалното јавно обвинителство.

-Јас сум еден од оние кои ги дели тие емоции, со многу наши граѓани кои во тој период беа 100 проценти зад СЈО. И јас сум разочаран од ова што го слушам последниве денови. Меѓутоа инсистирам надлежните органи брзо да ја процесуираат целата работа без задршки, без евентуални политички притисоци ако ги има да ја истераат до крај работата. Тоа е битно за СЈО како институција и за демократските реформи кои и претстојат на нашата земја, изјави шефот на државата-вели Пендаровски.

Пендаровски вели дека се залага за помирување, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот Заев и неговите, вели дека нема намера да го амнестира Заев или неговите блиски, ако сториле криминал.

-Јас можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните 5 години до га амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и било кого од неговите блиски соработници во партијата или во владата ако направиле криминал знаци тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот-рече Пендаровски.

Пендаровски рече дека се сретнал и разговарал со сите лидерите на поголемите политички партии, меѓутоа до сега не успеал да направи средба со Мицкоски, чие  образложение е дека сега не е моментот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com