Денеска по повод промоција на нови официри, обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски кој им ја честита заслужената титула, а по обраќањето тој одговараше на неколку новинарски прашања, па порача дека Европа и Макрон рекле дека сме ги исполниле сите услови и сега сме во период на чекање.
На прашање дали има можност да се одвојат Македонија и Албанија од пакетот, Пендаровки рече дека Макрон неколку пари го прашал дали постои таква опција, но нагласи дека тој како претседател мисли дека треба да се држи само до својата земја и да објасни дали неговата држава заслужува датум за преговори.
Тој нагласи дека не е негово да одлучува,но мисли дека ако едната земја испорачала, а другата не доволно, тогаш можеби би постоела таква можност да се одвојат и тогаш не би требало да се казни земјата која што испорачала се, процесот е заснован на исполнување на критериуми, дајте на секоја земја што заслужува, секако тоа не би била наша одлука , туку одлука на ЕУ, рече Пендаровски