17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Пендаровски за осмомартовската честитка на Каракачанов: Кршење на Договорот за добрососедство

Најчитани вести

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки, се вели во реакцијата на шефот на државата Стево Пендаровски откако вчера вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, објави честитка за 8 Март со географска карта од „Санстефанска Бугарија” во која е опфатена и територијата на денешна Македонија.

„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи“, се вели во реакцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести