2 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Пендаровски за застарување на делото на Груевски: Повеќе луѓе и институции се инволвирани!

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Призма“ вели дека е запрепастен од застарувањето на случајот за екс премиерот Никола Груевски во „Траекторија“ и од бегството на поранешниот премиер.

Пендаровски е убеден дека би било наивно и премногу симплифицирано, вината за сите дефекти во општеството да се сведува на еден човек. Смета дека застарувањето покажува оти системски работите не се добро поставени или како што тој пластично објаснува:

„Сите што се разбираат макар малку во правосудството, знаат дека како што застарува предмет, во кој се инволвирани многу луѓе, адвокати, судии, поротници, медиуми што следат, за да застари таков предмет, не треба да се договориш само со еден човек. Не може само со еден човек да го застариш случајот! Повеќе луѓе и институции се инволвирани и јас не би го апострофирал само судијата, (не му го знам ниту името) кај кого конкретно застарел случајот“, вели Пендаровски.

Претседателот останува на ставот дека „системски работите не се добро поставени“ инсистирајќи исто така на тврдењето дека за бегството на Груевски не може да биде одговорен само еден човек.

„Не е само еден човек тој што пропуштил да забележи дека се организира бегството на Груевски. Нему, по законот што тој го донесе во свое време, дадени му се неколку инспектори да го чуваат. Само тука не е еден човек во различни смени.“

„Јас тврдам, повторувам, само еден човек не може да го организира бегството“, вели претседателот Пендаровски за „Призма“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести