7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Пендаровски: Западен Балкан губи надеж дека би се интегрирал во ЕУ

Најчитани вести

Ова го  изјави денеска претседателот Стево Пендаровски во Берлин во обраќањето на панелот „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“ во рамки на конференцијата „Балкански дијалози“.

,,Би сакал да потсетам дека од шест земји во регионот, Црна Гора и Србија веќе со години, односно предолго, преговараат, две земји, односно Северна Македонија и Албанија, со години наназад чекаат да добијат датум за почеток на преговорите, а останатите две, Босна и Херцеговина и Косово, воопшто никој не ги споменува, нагласи претседателот Пендаровски.

Според него, поради овие причини граѓаните на земјите од регионот полека почнуваат да губат надеж дека ќе ги почувствуваме бенефитите и вредностите од членството во Унијата.

Тие се сомневаат дека регионот на Западен Балкан ќе биде во иста ситуација како што е Турција, додаде Пендаровски.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, Пендаровски во обраќањето го повторил ставот дека Македонија не е против нова методологија за проширувањето на Европската Унија, ниту пак е против реверзибилност на процесот ако се назадува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com